Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид, објави прес-центарот на министерството.

Според ставот на бугарското Министерство, таков однос кон споменот на невините жртви од трагичниот инцидент е неприфатлив.

Очекуваме властите во Република Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма – се вели во ставот од бугарското МНР.

Бугарската амбасада во Скопје, денеска веднаш испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во која се изразува ставот на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.