Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС.

-Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС.

Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија. Тој додаде дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се постигне зделка што ќе ја отвори вратата на Македонија кон Европската Унија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.