Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и јавно на ТВ Алфа го повика премиерот Зоран Заев да му одговори дали знаел дека неговиот потпретседател Димитров го озборувал кај новинари и креатори на јавно мислење дека бил спремен да потпише се, ама „големиот патриот“, Димитров и скопското крило на СДСМ го спречиле и дали е вистина дека блиски соработници на Заев работат на дискриминација на членови на Комисијата за разговори со Бугарија и Заев спрема комисија која ќе ги потпише неговите ставови.
Николоски, кој вечерва гостува во емисијата „Заспиј ако можеш“, испрати уште едно прашање на адресата на премиерот, односно побара да признае дека е точно тоа што го зборува бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека други земји биле против
Тие се против корупцијата на Заев. И претседателот Румен Радев кажа дека Бугарија до октомври 2019 не правела проблеми, туку почнала да ги прави после тоа. Ова се поклопува со она што го зборувам, а тоа е дека во јуни 2019 година, Македонија владата ја стави во група со Албанија и ја уназади, а јас говорев дека имаат таков план и тој се потврди, рече Николоски.
Според него ЕУ му даде на Заев да спроведе реформи во администрација кои ги нема, реформи во безбедносен сектор кои поминаа благодарени на опозицијата и борба против корупција, а тука на власта и се појави Рекет.
Ова се прашањата кои ЕУ му ги даде како задача и Заев ако ги исполнеше, немаше Македонија да чека до сега за ЕУ, рече Николоски.
Според него откако Заев ова не го исполни барањата, после следи бугарскиот став во документ во Собранието, потоа бугарскиот став влегува и како став на ЕУ пролетва.
Кога го објавив ова годинава, ме обвинуваа и излезе точна мојата контатација дека бугарскиот став е во европски документи. Или едноставно е, Заев и власта се виновни за три изгубени години и што Македонија не е во ЕУ, рече Николоски укажувајќи дека власта не реагира на изјавите на бугарските претставници зошто има договорено бизниси со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.