Бугарски воз, фотографирање на избирачките места и на гласачките ливчиња и поткуп на гласачи се најчестите форми на прекршувања на изборниот процес регистрирани до 13 часот.

МВР соопшти дека во периодот од 11 до 12 часот денеска добило 10 пријави за изборни инциденти и нерегуларности. Половината од нив се во Кочани. Полицијата работи на утврдување на фактите.

I. РЕГИСТРИРАНИ НАСТАНИ

СВР СКОПЈЕ

Во Полициското одделение Шуто Оризари, граѓанин пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26 Јули“.

Во Полициската станица Бит Пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул. „Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.

Во ПО Сарај околу 12 часот часот телефонски било пријавено дека на подрачјето на општина Сарај, С.Н. од политичка партија со повеќе лица и возила се движел и вршел притисок и поткуп на гласачи. Во моментот на пријавувањето С.Н. бил во чајџилница во Ласкарци. Патрола од интервентната единица извршила обиколка на теренот, извршила разговор со лица кои биле затекнати, но не ги утврдила наводите во пријавата. Во врска со подносителот на пријавата Д.А. ќе бидат преземени дополнителни мерки со цел поднесување на соодветен поднесок.

Мал инцидент се случил денес на избирачкото место 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ во општина Бутел. Гласач го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато, а тој уапсен.

СВР Штип

Политичка партија во Полициската станица Кочани пријавила дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Во овој град имало уште една пријава од политичка партија – дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места.

Во Полициската станица Кочани граѓанин пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека некој човек наводно делел пари.

Политичка партија во Полициската станица Кочани пријавила дека три лица со патничко возило во населба Оризари носат организирано гласачи на гласање. Исто така, партија пријавила дека во истата населба четири лица ги попречувале гласачите да гласаат.

Во Кочани, исто така, било пријавено дека непознато лице со „рено“носи организрано гласачи на изборните места 860 и 860/1, а на изборното место 847 делел пари на гласачи за гласање.

Писмена пријава е заведена во ПО Кочани дека од страна на А.Ј. околу 10,30 часот во семејна куќа во м.в,,Полатски пат“ заедно со други активисти на политичка партија делеле пари на гласачи од ИМ 845, а К.Г. со патничко вазило „опел“ вршел поткуп на гласачи.

Во Полициската станица Крива Паланка, жител на Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитирало. Друг граѓанин во истата полициска станица пријавил дека на ул. „8 Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинката „Детелинка”.

Во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање.

МВР исто така соопшти дека во однос на претходните пријави претпладнево, односно случајот кога граѓанка на Битола пријавила дека непознати лица ѝ нуделе пари за гласање, полицајците не ги потврдиле нејзините наводи.

СВР Битола

Ист е епилогот со дојавата на граѓанин на Прилеп, кој пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање – полицијата „презела мерки и не се потврдени наводите во пријавата“.

Утрово околу 9.30 во ЦИК-СВР Велес било пријавено дека П.А. од Градско со патнички автомобил „опел-астра“ носел гласачи на избирачко место и вршел поткуп . Од страна на полициски службеник извршени се проверки и патничкиот автомобил е пронајден паркиран во откупниот Центар „Ником“ во с.Старо Градско и од извршениот разговор со сопственикот Ѓ.С. истиот изјавил дека не го дал автомобилот на друго лице да го управува.

На 15.07.2020 година во 11,47 часот, А.А. телефонски пријави дека во Битола, населба Баирот, на ул. “5-та“, М.Д. и С.В. вршеле агитација кон граѓаните во корист на политичката партија. Во истата населба во Битола непознато лице со возило “БМВ“ агитирал и делел пари за гласање за одредена политичка партија.

На ден 15.07.2020 година во 09,45 часот во ОВР-Прилеп, Г.Ф. роден 08.10.1994 година живее на улица “Ѓорѓи Сугаре“ број 8 во Прилеп, пријави дека во Прилеп, пред ОУ “Блаже Конески“ населба “Варош“, имало паркирано возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На ден 15.07.2020 година во 10,45 часот, М.И од ОВР-НККР Прилеп, пријави нарушување на ЈРМ, случен во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ.П од Прилеп физички го нападнал Г.Д од Прилеп. Мерки: Интервенирано од страна на ПС од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П, пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Следи реализација и документирање на настанот.

На ден 15.07.2020 година во 12,28 часот, непознато лице телефонски пријави дека во Битола, населба “Баир“, непознато лице со возило “БМВ“ агитирал и делел пари за гласање за одредена политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Струмица

На 15.07.2020 година во ПО Ново Село непознат граганин телефонски пријавил дека во с.Самоилово – Струмица, С.А од с.Ново Село со патничко возило Џип-црна боја со бугарски регистарски ознаки, било вршено групно носење на гласачи и агитирање.

На 15.07.2020 година во ПК Богданци, непознато лице по телефон пријавило дека во Богданци пред Дом на културата „Бранд Петрушевски“, непознати лица кои биле во возило Шкода октавија со партиски обележија вршеле агитирање.

На 15.07.2020 година во ПС ОН Струмица, С.И од с.Чанаклија-Струмица, телефонски пријавил дека во с.Чанаклија директорот на комуналното претпријатие „Турија“ З.Н. од с.Пиперево вршел притисок и носел луѓе на гласање.

На 15.07.2020 година во ПС ОН Струмица, непознато лице телефонски пријавило дека непознати лица од политичката партија вршеле агитирање пред избирачко место сместено во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.

На 15.07.2020 година во ПС ОН Струмица, непознато лице телефонски пријавил дека претставници од политичката партија И.П, Т.М и Б.М вршат агитирања и ги вознемируваат граѓаните пред гласачкото место во с.Банско-Струмица.

На 15.07.2020 година во ПО Ново Село, непознато лице телефонски пријавил дека во с.Ново Село, К.В со патничко возило Цитроен, ги носел луѓето на гласање и вршел притисок и агитирање.

СВР Тетово

Во 12,07 часот во ЦИК при СВР Тетово од страна на анонимен граѓанин пријавено било дека пред ОУ „ Екрем Чабеј“ лоцирано во село Слатина имало лица кои биле со патничко возило кој што наводно според пријавата агитирале за одредени политички партии. Пријавителот не можел да ги идентификува лицата, ниту пак возилото како и не знаел за која политичка партија непознати лицата агитирале.

II. ПРЕКИНИ НА ГЛАСАЊЕ

СВР Скопје

ПО САРАЈ- во врска со претхоно пријавен настан во која од страна на Оперативниот штаб на МВР дека во с.Ласкарци на ИМ-ГМ бр.2447 и 2447/1 нема полициски службеници и нема ИО на ИМ и се врши полнење на кутиите, постапено е по пријавата при што на лице место се излезени УПС од ЕИП, УПС од ПО Сарај и Началникот на ЕВР Ѓорче Петров. На лице место е обавен разговор со Претседателот на ИО како и со УПС кои биле на лице место при што не се утврдени наводите од пријавата, односно не е констатирано нарушување на изборниот процес ниту нарушување на ЈРМ. Од страна на ДИК излезено е на лице место и е констатирано дека на ГМ бр. 2447/1 гласањето околу 12,25 часот е прекинато поради изработка на записник за извршена контрола, а во 12,35 часот гласањето е продолжено, додека за ГМ бр.2447 не се утврдени неправилности.

III. ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ПРЕТХОДНО ПРИЈАВЕНИ НАСТАНИ

СВР Скопје

ПС ОН КАРПОШ-во врска со претходно пријавен настан во кој В.Ш го нарушил ЈРМ бидејќи не му било дозволено гласање поради истечена лична карта, по што на излегување потегнал за ташна женско лице член на ИО и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје. Согласно насоките од ЈО на лицето му е издаден записник за констатиран прекршок по чл.4 „Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ од ЗППЈРМ, а за настанот ќе биде изработено Известување кое ќе се достави до ОЈО Скопје. Воедно членот на ИО е упатен доколку одлучи да достави пријава на записник за кривично дело по чл.152 „Неовластено снимање“ кое дело се гони по приватна тужба.Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје лицето е фотографирано а од мобилниот телефон извршено е видео-документирање на видео-клипот кој В.Ш го направил на ИМ, кој содржел дел од внатрешноста на избирачкото место и дел од избирачкиот одбор. Фотографиите и видео-материјалот ќе бидат наменети за поднеување на приватна тужба во врска со кривично дело.
ПС ОН БИТ ПАЗАР-во врска со претходно пријавен настан во кој М.А од политичка партија прполитичка партија пријавил дека на ГМ во ОУ Никола Вапцаров на ул.Дижонска А.М со група од 10 лица се движел околу гласачкото место. Од страна на УПС кои биле на гласачкото место утврдено е дека А.М со две други лица бил на гласачкото место и после гласањето без задржување си заминал.

СВР Тетово

Во врска со претходно пријавен настан испред ОУ „Коста Рацин“ во село Брвеница од страна на СВР Тетово превземени се мерки и активности и веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е во село Брвеница и извршена е обиколка на основното училиште каде надвор и околу гласачките места во кругот на училиштето не биле затекнати лица кои имале тевтерчиња во нив, а исто така стапено било во контакт и со полициските службеници кои ги обезбедувале гласачките места во училиштето и од нивна страна било кажано дека не забележале такво нешто. Во село Брвеница од страна на полициските службеници затекнат бил пријавителот А.М и во обавениот разговор истиот се произнел дека ги забележал Д.З, С.М и И.Ј, сите од село Брвеница кои биле на оддалеченост на 100 до 150 метри од дворната врата на училиштето и кај едниот од нив забележал тефтер и истиот се посомневал дека вршат анкетирање и поради тоа веднаш се јавил во полиција. Исто така пријавителот истакнал дека не видел што пишуваат лицата во тефтерот и дека не забележал дека допираат лица или да им нудат нешто а додека лицето со тефтерот што пишувал во него, не знаел. По обавениот разговор полициските службеници ги побарале посочените лица и по кратко време испред угостителски објект „ Мајами“ во село Брвеница затекнат бил И.Ј и од извршениот површен преглед над истиот не биле пронајдени предмети од интерес на службата ниту пак тефтер кој бил посочен од страна на пријавителот М.А. Од страна на полициски службеники при ПС Тетово-сменоводител за настанот е запознаен Дежурниот јавен обвинител при ОЈО Тетово Б.А и на истиот му е пренесен целокупниот горенаведен настан и од негова страна е посочено дека не постои основ за извршено кривично дело од главата на Избори и гласање бидејќи и самиот пријавител на настанот не знае што наведените лица пишуваат ниту пак пријавителот забележал дека од страна на наведените лица се врши поткуп на гласачи што го потврдил и самиот пријавител по остварениот контакт со него.

СВР Куманово

Во врска со настан информиран во претходната информација, по преземени мерки и активности од страна на УПС констатиран е прекршок казнив по член 16 од ЗППЈРМ – лажно предизвикување на помош со намера да се предизвика излегување на службено лице на државен орган сторен од Г.Г.
Во врска со настан информиран во претходната информација по преземени мерки и активности од страна на УПС констатиран е прекршок казнив по член 16 од ЗППЈРМ – лажно предизвикување на помош со намера да се предизвика излегување на службено лице на државен орган сторен од С.Б.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.