Седумтемина преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница.
Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните.
-Повредените се во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија. Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство.
Сител објави дека македонскиот амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.