Копретседавачот на македонско-бугарската историска комисија Драги Ѓорѓиев вели дека во преговорите што ги води историскатаа комисија Бугарија бара Македонија да се усогласи со ставовите на Бугарија, и дека другата страна има тон на обвинување.

Се појави на виделина дека не можеме да се усогласиме и дека имаме различни теоретски пристапи, тие започнаа со еден таков тон на обвинување дека ние постојано не сакаме да се усогласиме со некои работи, без притоа да земат во предвид дека пристапот е различенИма една доза на патернализам кај нив, дека би требало ние да се усогласиме со нивните ставови, без притоа да се држиме до наши пристапи, рече Ѓорѓиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.