Под насловот „Доживавме! Македонскиот историчар се покаја и си ја посипа главата со пепел“ бугарски Труд ја пренесува изјавата на претседателот на Мешовитата македонско-бугарска комисија од македонска страна Драги Ѓорѓиев.

Во интервју за Канал 77 Ѓорѓиев тврди дека при создавањето, градењето на нацијата, македонската историографија се користела со фалсификати.

Текстот е посветен на научната дејност на Ѓорѓиев во интерпретација на бугарскиот историчар Цочо Биљарски.

Биљарски главно нема високо мислење за научната дејност на својот македонски колега.

Смешни се обидите на Драги Горгиев да објасни зошто турските власти револуционерите на ВМОРО ги нарекуваат Бугари, а четите бугарски бугарски. Неговите објаснувања се ненаучни и мора да бидат толкувани од психијатри и френолози, пишува меѓу другото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.