Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната конференција со ЕУ пратеници побарал Бугарија веднаш да го тргне ветото и да престане со условувањата.
Тој денеска во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествувал на онлајн конференција во организација на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во соработка со Инстутот за демократија. На конференцијата се дискутираше за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија со посебен осврт на Собранието како институција која има клучно учество во овој процес.
Говорници на овој настан беа и европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.
Овој настан има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во процесот на приклучување кон Европската Унија и важноста на законодавниот дом во насока на придвижување на европскиот пат на Македонија. На конференцијата заеднички беше нотирано значењето на Собранието во поглед на евроинтеграциите како и односот на Собранието со Европскиот Парламент, но и клучната потреба за дијалог помеѓу институциите и сите политички чинители во земјава. Со овој настан се продолжува успешната соработка со Германската фондација Конрад Аденауер, која е фондација на владејачката ЦДУ од Германија, вели Николоски.
На денешната конференција со ЕУ пратеници побарав – Бугарија ВЕДНАШ да го тргне ветото и да престане со…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, 15 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.