Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на владата на Република Македонија Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, изјавија за БГНЕС од прес-центарот на министерството за надворешни работи на Бугарија.
За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Македонија во спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од договорот).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.