Бугарија ја блокира Македонија во рамки на преговорите за предлог преговарачката рамка за кои се дискутира во КОЕЛА (EU Council’s Working Party on Enlargement and Countries Negotiating Accession to the Union), работна група на советот на ЕУ за проширување и земји кои преговораат за влез.

Бугарски извори тврдат дека бугарските претставници го блокираат почетокот на преговорите за Макеоднија поради постоење поголем број на причини поврзани со почитување на добрососедските односи, објави „Експрес.мк“.

Според изворите на „Експрес“ во Софија доколку овие проблеми не бидат надминати до крајот на септември, Бугарија нема да попушти и ќе го блокира формалниот почеток на преговорите за Македонија, што според најавите од Берлин треба да се случи во декември.

Според изворите на „Експрес“, Софија бара посебен документ потпишан од владата во Скопје со кој ќе се гарантира целосно спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Во документот, за кој не се открива каков назив треба да има, македонската страна мора да го прифати сите бугарски позиции кои се однесуваат на историјата, учебниците, Гоце Делчев и други револуционери, нарекувањето на бугарската војска од втората светска војна како фашистичка и неколку други прашања.

Овој документ пред неколку дена индиректно го најави бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој порача дека Македонија нема да почне преговори со ЕУ додека не ги задоволи бугарските барања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.