Вршителот на должност министер за здравство во Бугарија, Стоичо Кацаров, издаде наредба за изменување на списокот на странски држави класифицирани како црвени, портокалови или зелени зони според нивните ситуации  со „Ковид-19“. Промените стапуваат на сила од 1 септември. Со оваа измена на листата на земји од црвената зона се најде и Македонија, а додадени се и САД, Ирска, Црна Гора, Косово, Казахстан, Света Луција и Федерацијата на Свети Китс и Невис.

Италија е преквалификувана од црвена во портокалова зона. Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино се преквалификувани од зелена во портокалова, додека Романија е преквалификувана како зелена зона.

Ученици, студенти и докторанти кои живеат во Грција, Турција, Србија, Република Македонија и Романија и патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија на студии, како и ученици, студенти и докторанти кои живеат во Бугарија и  патуваат дневно или најмалку еднаш неделно во Грција, Турција, Србија, Република Македонија и Романија за образование, им е дозволено да влезат во Бугарија без потреба да поднесуваат документи поврзани со „Ковид-19“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.