Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово било одлучено на владината седница во Софија каде што македонскиот министер за здравство Венко Филипче имал обраќање, објави тој на Фејсбук.
Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението.
Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека, напиша Филипче.
Разговарано е и за техничките детали во однос на испораката, а Филипче верува дека во исто време Македонија ќе добие дел од вакцините, како и земјите од ЕУ.
Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив, напиша Филипче.
Пријателите и соседите секогаш си помагаат кога е најпотребно. Неопходна поддршка за подобро справување од ковид-19…
Posted by Венко Филипче on Tuesday, 22 December 2020
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира…
Posted by Венко Филипче on Tuesday, 22 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.