Во преамбулата на словачкиот устав се спомнуваат браќата Кирил и Методиј, кои Бугарија на 9 декември си ги присвои и официјално како бугарски со гласање во бугарското собрание. Дополнително, со гласањето за името на празникот 24 Мај, Бугарија ги присвои азбуките глаголица и кирилица како бугарски азбуки.

Ваквата бугарска политика доведе и до вметнување на фразата „погрешно толкување на историјата“ во завршниот текст на заклучоците на ЕУ за проширувањето, кои што се однесуваат и на Македонија, но со ваквиот текст не се согласија Чешка и Словачка. Двете земји денеска дадоа и заедничка изјава, во која велат дека „нема да дозволат ЕУ да биде судија за нашата заедничка историја, како се идентификуваме или на кој јазик зборуваме“.

Практично, со бугарското вето за преговарачката рамка со Македонија и со одбивањето на Чешка и Словачка да ја потпишат изјавата за проширувањето на ЕУ, процесот за ширење на ЕУ кон западниот Балкан е сопрено.

Делото на Кирил и Методиј особено се цени во овие две земји, поради значењето на Моравската мисија на браќата. Словачка ги споменува и во Преамбулата на својот Устав како оставнина од предците.

„…Имајќи го на ум политичкото и културното наследство на нашите претци и искуството собрано низ вековите на борба за нашите национална егзистенција и државотворност, со обѕир спрема духовната оставштина на Кирил и Методиј и историското наследство на Велика Моравија, признавајќи го природното право на народите за самоопределување…“, стои во Преамбулата на словачкиот Устав.

Преамбулата на словачкиот устав, каде што се споменуваат Кирил и Методиј

 


Повеќе на СДК.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.