Браќата Бугари, не само што не го признаваат со децении македонското малцинство, веќе де факто не го признаваат ни нашиот идентитет, ниту јазик. Денес и официјално ни ставија вето за преговори со ЕУ. Што повеќе да се каже за односот на Софија и за капитулантскиот однос на нашата Влада, пишува на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Гледам на ХРТ 1, Хрватите, односно Хрватското национално собрание добиле нови простории во центарот на Белград, со право да го промовираат својот национален идентитет, како и хрватската култура и обичаи. Белград има преку 7 илјади Хрвати.
Летово, српскиот коалиционен партнер на ХДЗ прв пат отиде во Книн и Хрватска најави дека ќе ги подобри условите на Србите во земјата.
Српското малцинство веќе со години има свои простории во Загреб.
И ова после години војни, агресија, окупација и убиства.
А нас браќата Бугари, не само што не го признаваат со децении македонското малцинство, веќе де факто не го признаваат ни нашиот идентитет, ниту јазик.
Денес и официјално ни ставија вето за преговори со ЕУ.
Што повеќе да се каже за односот на Софија и за капитулантскиот однос на нашата Влада, пишува Мицковски.

Гледам на ХРТ 1, Хрватите, односно Хрватското национално собрание добиле нови простории во центарот на Белград, со право…

Posted by Ivor Mickovski on Monday, 7 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.