Будно ја следиме ситуацијата како ќе се развива, без разлика на тоа што веќе влегуваме дефакто во изборите најбитно е здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија. И тоа е наш прв приоритет, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и носител на листата во изборната единици три вечерва на дебата во „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“.
Тој потсети дека денеска се одржа и лидерска средба на која се говореше за актуелната ситуација со коронавирусот.
Како ќе се развива ситуацијата така и ќе го насочуваме нашето дејствување. Денеска на лидерската средба се говореше за собирите во јавноста и за оние мерки кои што се договорија. Ќе треба сите ние да најдеме алтернативен начин на делување и водење на кампањата, вели Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.