Постои можност за уште една рунда преговори во декември ако Бугарија има политичка влада, истакна специјалниот пратеник за Бугарија и поранешен премиер Владо Бучковски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на „ТВ21“.
Тој вели дека Бугарија очигледно има сериозен притисок да влезе во разговори по завршување на парламентарните и претседателските избори, односно дека сега е под зголемен притисок не само од ЕУ, туку и од САД, за да се најде решение во спорот со Македонија.
Бучковски напомена дека опозицијата треба да помогне во спорот, како и дека треба да се отвори и сериозна дебата за внесување на Бугарите во Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.