Специјалниот пратеник за Бугарија на Владата, Владо Бучковски смета дека брзо ќе се пронајде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада предводена од Петков и Василев.
Овој пристап кој тој го промовира, за воња на вистината е форсиран од македонска страна, од моментот кога јас станав специјален претставник на Владата. Ја наследив веќе подготвената патна карта која ја усогласивме, и каде што се обидувавме преку активностите кои што ги правеше нашето Министерство за надворешни работи да бидеме многу попрагматични и многу попродуктивни. Овде, затоа што говори и Кирил Петков дека е ова работен процес и не знае работните групи колку брзо ќе се усогласат, а јас знам дека веќе имаме документ кој може да одговори на овие барања, мислам дека брзо би нашле заеднички јазик, рече Бучковски.
Во гостување на Топ Тема на Телма, Бучковски рече дека сепак клучното прашање е дали ќе се успее тоа да се постигне до 14 декември. Бучковски посочи дека има охрабрувачки резултати и дека очекува во Бугарија конечно да има политичка влада и нова стратегија од бугарска страна која би ѝ одговарала на Македонија, но вели дека треба да ни биде јасно оти времето не ни е сојузник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.