Се надевам дека оваа функција ќе биде додадена вредност во напорите на Владата да изнајдеме решение со пријателска Бугарија во духот на европските вредности, вели поранешниот премиер, Владо Бучковски во изјава за „Фокус“ откако беше соопштено дека Владата го именувала за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.
Официјално од Владата нема соопштение за оваа одлука, но специјалниот претставник се именува во услови кога Бугарија се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија, а по контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев не престануваат реакциите ниту во Македонија, ниту во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.