Мора да сме претпазливи кога ги подгреваме очекувањата на јавноста, вели специјалниот претставник на македонската влада за Република Бугарија, Владо Бучковски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што вели тој, постојат можности за пробив во декември иако времето е кратко дури и ако Бугарија успее да добие влада до 14 декември.
Изгледаше веројатно дека до 14 декември ќе има влада во Бугарија, сега другата преовладувачка дата е до Божиќ…ќе остане во декември малку време. Треба да се види што значат пораките затоа што и од бугарска страна, иако немаат влада и претседателот Радев и службениот министер, Стоев, па дури и нивниот амбасадор во ЕУ, Александров, говорат дека има потреба нешто конкретно да направи Република Македонија, краткорочно, а тоа што нема време да се направи сега, долгорочно би нашло решение во преговарачката рамка, рече Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.