специјалниот претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за Гласот на Америка вели дека не очекува промена на односот кон прашањето и на новата бугарска влада, а познатите црвени линии од бугарска страна вели остануваат, наше е да се прилагодиме на тоа, но и да ја почитуваме декларацијата која е донесена од Собранието на предлог на опозицијата.
– Изгледа дека е тешко, но не е невозможно ако има јасно изразена волја од двете страни. Ако досега ги прифатевме барањата од бугарската страна, ќе имавме решение. Затоа мислам дека е чекор напред нашата декларација со која конечно ВМРО ДПМНЕ покажа подготвеност да ги подржи напорите што ги прави македонската влада, македонскиот претседател, во изнаоѓање на заедничко прифатливо решение, при што ќе се внимава на евентуалното загрозување на нашиот идентитет – вели Бучковски.
Сепак, специјалниот посредник во спорот верува дека идната бугарска влада нема да биде комотна во однос на разговорите за решение на спорот.
– Мора со Софија директно да се договориме. Но нема да биде и идната бугарска влада во комотна позиција, бидејќи се зголемува притисокот и од ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД, кој е исклучително заинтересиран за стабилноста на Западен Балкан. Мислам дека ќе имаме добра шанса, но зависи се од нас. Треба и од бугарска страна да се влезе отворено, рационално и прагматично во решавање на овој проблем – вели Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.