Бројот на заболени од Ковид-19 во Македонија продолжува да расте. По вчера регистрираните 398 нови заразени, вкупниот број активни случаи достигна 1.994. Најголем број од активните случаи се во Скопје 603 и во Тетово 572, а потоа следуваат Гостивар со 221, Куманово со 145, Кичево со 73, Струмица со 59, Битола со 57, Дебар со 46, Охрид со 40.
Трендот на зголемување на бројот на заболени се гледа и во болниците, меѓутоа не насекаде исто.
Во моментов Тетово е најкритичниот град, каде што има голем број на приеми на инфективното одделение и во модуларната болница, некаде околу 45 пациенти се веќе хоспитализирани во изминатите неколку денови. Освен тоа, бројките на новодијагностицирани се високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во неколку градови во државава, имаме и во Куманово, во Кичево, во Кавадарци во Струмица – информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој вели дека е договорено сите пациенти кои имаат потреба да се лекуваат болнички од болницата во Тетово да се праќаат во Скопје, затоа штo ќе се отворел вториот кат на Инфективната клиника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.