Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски од општинските власти барал да направат список со сите локации и објекти на кои е аплицирана “Ѕвездата од Кутлеш”, која Грците ја нарекуваат ѕвезда од Вергина, а според Преспанскиот договор Македонија не смее да ја употребува.
Во допис од општината Карпош дo вработените во месните и урбани заедници се бара да излезат на терен и да ги евидентираат сите шахти и други објекти каде е впишан или изгравиран овој симбол.
Според пораката евиденцијата на сонцето од Кутлеш треба да заврши до среда.
Електронската порака од општина Карпош се појавува откако во Крива Паланка градоначалникот се обиде во полицискиот час со брусилка да го отстрани симболот од градскиот плоштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.