Откако во текот на минатото деноноќие починаа пет пациент болни од Ковид-19, вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на 642. Најмладиот од починатите регистрирани во последниот билтен на Министерството за здравство е на 46-годишна возраст од Македонски Брод. Останатите се на возраст од 58 години од Штип, 69 години од Гостивар и двајца се на возраст од 84 години. Од нив, едниот е од Прилеп, а другиот од Охрид.

Во истиот периот беа регистрирани 142 нови случаи на позитивни, од 1.542 тестирања, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 15.555.  Бројката на оздравени пациенти е 12.994.

Најголем број од новите случаи, односно 37 се во Скопје, а двоцифрена бројка на новозаболени има и во Куманово – 18 и во Тетово -13. Во останатите градови вчера беше регистриран едноцифрен број на новозаболени.

Во моментот,  бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919. Скопје има најголем број на активни случаи, а од скопските општини на прво место е Аеродром со 94 случаи, Гази Баба и Карпош имаат по 71 случај, Центар 68, а во Чаир има 55 активни случаи.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.