Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3. Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица на возраст од 85, 71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем. На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во Клиничката болница во Тетово пациент на 60 години. Во Клиниката „Жан Митрев“ починат е пациент на 62 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.