Скокна бројот на позитивни тестови. Откако имаше период кога бројот на позитивни тестови беше околу 15 отато од бројот на вкупниот број тестови во 24 часа, повторно дојде до скок на оваа бројка. Се вративме на над 20 отсто позитивни тестови. Па така денеска има дури 23 отсто од вкупната бројка на тестови, односно 726 позитивни случаи од вкупно 3144 луѓе кои се тестирале. Бројката на оздравени пациенти е далеку пониска од онаа на новозаболени.
Имаше период кога бројот на активни случаи падна под 6000 денари. Сега таа бројка е далку повисока – 8 700 позитивни теста.
Забави на диво, свадби со 300 гости, преполни автобуси… Се чини и оној пад ги ослободи луѓето кои почнаа да се однесуваат многу послободно.
-Сите знаат замо полицијата не знае. Секоја вечер младите се собираат во дискотека покрај еден од автопатите во земјава. Дискотеката е старо трло за овци. Исчизтено, средено, поставени буриња како конопои. Внатре гужва, забава, пиење, и секако, сите се без маски – коментира наш соговорник.
Се чини периодов раце тријат оние кои имаат свои луѓе блиски до полицијата и власта. Додека угостителите мака мачат за да не стават катанец, на диво работат кафеани, дискотеки, ресторани. Резултатот очигледен – огромен скок, наместо пад на бројот на заболени. Кавадарци, Гевгелија, Неготино се новото жариште. Жителите некое време коментираат за забавите низ градовите, акција ретко, новозаболени многу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.