Откако неколку денови бројот на позитивни од коронавирусот беше под 10, во последните два дена таа бројка повторно е голема.

Денес се регистрирани нови 36 случаи на корона вирус од вкупно 411 тестови. За прв пат на мапата со позитивен случај се јавува и градот Берово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

Скопје 6 – Куманово 2 – Прилеп 1 – Тетово 1 – Македонски Брод 1 – Пехчево 1 – Виница 1
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.