Во Куманово досега има 320 заразени со коронавирус, во Прилеп 112, а во Тетово 52. Вкупно регистрирани болни со КОВИД-19 се 1.170, од кои 164 излечени, 49 починати и 957 активни.

На денешната седница било одлучено сите државни органи, Општината и јавни претпријатија во Куманово од вторник да работат со редуцирани капацитети и да воведат посебни мерки за заштита, со цел поголем број на лица да бидат изолирани во овој период. Исклучок од оваа мерка се вработените лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана – Армијата на Република Македонија, од јавните здравствени установи, како и вработените во територијалните противпожарни единици на подрачјето на Општина Куманово.

Од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.