Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи со Ковид-19, 14 починати и 211 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 419 новозаболени во Скопје се 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од 211 оздравени пациенти од Скопје се 135, Битола – 18, Кавадарци – 14, Куманово – 9, Штип – 7, Охрид и Кочани – по 5, Велес, Кратово и Богданци – по 3, Ресен и Неготино – по 2, Тетово, Гевгелија, Пробиштип, Струга и Свети Николе – по 1.

Од осумте починати по две се од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г), а по едно од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г) и Македонска Каменица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.