Денешните загрижувачки бројки не ги загрижува првите луѓе на СДСМ да говорат само за избори. Иако секојдневно имаме раст на заболените и заразените, денеска техничкиот премиер Спасовски и вицепремиерката Радмила Шекеринска порачаа дека избори на 5 јуни мора да има.

Спасовски вели дека избори мора да има 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Се поставува прашањето од каде тој знае каква ќе биде состојбата по две недели и дали можеби претседателот Пендаровски нема да ја продолжи вонредната состојба.

Спасовски денеска од родното Куманово се обиде на ироничен начин да објасни дека доколку луѓето можат да одат во кафеани и да пазаруваат можат да одат и на гласање.

Министерката за одбрана пак е загрижена дека граѓаните нема да можат да одат на одмор доколку изборите се одржат во текот на летото, иако голем дел нема никаде да заминат поради финансиската состојба.

Навлегувањето во други датуми по 5 јули носи опасност да се загрози гласачкото право на граѓаните, бидејќи  ќе го спротивстави со правото на одмор. Ние не смееме да си дозволиме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови-објасни министерката.
Состојбата дополнително се усложнува откако и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири објави дека е позитивен на корона и оти ќе биде во изолација. Тој е на листата за пратеници и се поставува прашањето како ќе биде меѓу граѓаните за време на изборната кампања.
Заев засега останува осамен на ставот за брзи избори, откако денеска ДУИ повтори дека датумот треба да биде договорен со консензус.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.