Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.
Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.
За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците, истакна Арсовски.
До неодамна бројката на потврдени бегалци беше 650, но премиерот Зоран Заев посочи дека како земја сме подготвени да примиме и повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.