Во изминатите 24 часа се направени 342 тестирања и регистрирани се 30 нови случаи со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 384 лица. Според местото на живеење досега случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Кочани.
На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 64 пациенти. Во изминатите 24 часа примени се шест нови пациенти. Осум се со потешка клиничка слика, а неколку пациенти се во сосема добра состојба и тие ќе се тестираат во следните неколку денови со цел да се анализираат состојбите и доколку се негативни во два наврата ќе бидат испишани. Истото веќе почна за 11 од вкупно 28 пациенти кои се наоѓаат на домашно лекување во Дебар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.