Првиот ден од оваа седмица, регистриран е благ пад на бројот на новозаразени со Ковид-19 во однос на просекот на работните денови, кој последните месеци се движи од 10 до 16 проценти. Вчера тој процент беше 9,8 отсто, односно од направени 1549 тестирања, беа евидентирани 153 нови случаи на Ковид-19.

Освен тоа, вчера беа регистрирани и помалку заразени во однос на викенд деновите, што е реткост, бидејќи бројот на новозаразени во сабота и недела обично е помал во однос на работните денови. Викендов, тој процент беше околу 12.

Во претходното деноноќие беа евидентирани и 11 починати лица и уште две други пријавени преку „Мој термин“ со датум на смрт од 22 до 31 октомври.

Вчерашната ковид-статистика бележи и 309 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.