Притисоци и уцени се вршеа врз вработените во администрацијата, но и врз други категории на граѓани за да присуствуваат на вечерашниот марш „За правда“ во организација на власта на СДСМ. Но „најголемиот претставник на правдата во земјава“, министерката за Правда не се појави на маршот кој треба да ја „симболизира нејзината работа“. Таа не беше дел од маршот „Чекориме за правда“ што денеска околу 18 часот почна пред Собранието, а го организира партијата СДСМ. Маршот треба да заврши пред комплексот на судови околу 20 часот.
Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Ве информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш – информирааа од Министерството за правда.
Дали отсуството на Рената Дескоска значи дека пукаат шавовите во СДСМ и има раскол во партијата? Дали и како народот слабее поддршката кон Заев и од неговите луѓе, значи ли ова дека веќе никој не верува во неговите политики?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.