Објавувањето на поштенска марка со мапа на голема Хрватска од страна на Македонската Пошта предизвика бурни реакции низ Балканот, а особено во Хрватска, каде се уште не се сигурни дали се работи за провокација или за краен дилетантизам.

Новинарот Иван Бродиќ во „Енерџипрес“ пишува дека веројатно причина за скандалот е долгогодишното владеење на ДУИ со поштата.

 Во ова државно претпријатие веќе со децении, веројатно уште од Охридскиот договор, кадровската политика, односно ухлебувањето, го врши албанскиот партнер во власта ДУИ. Оваа партија е позната по тоа што ја предводи некогашен наводен учесник во камповите за обука на терористи Ал каеда и аболициран бунтовник Али Ахмети, но тоа е тема за друго време. Ухлебените господа барале на Гугл мапа од Хрватска и нашле мапа на територии на кои не се ни простирала злосторничката држава на нацистички битанги и анти-семити, таканаречената НДХ, пишува Бродиќ. Во текстот се наведува дека мапата по се изгледа била преземена од интернет страница на која се претставувала и мапа на Голема Албанија, односно целосно прецртување на границите на Балканот, поради што се предупредува дека „авторите на марката не и сакаат ништо добро на Хрватска, но испраќаат порака и до македонската јавност, дека не заборавиле на големо-албанскиет балистички прослави“, како што беше одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на Албанија, на кое доминираа повиците за обединување на Албанците на Балканот.
– Како поинаку да го објасниме појавувањето на големодржавни проекти на официјални државни марки, во време кога проектот Голема Албанија се тестира во фашистичката коалиција? Тиранската декларација, усвоена на последните парламентарни избори, беше првиот чекор во таа насока. Таа означи крај кршење на Охридскиот уставотворен договор, донесен по гарѓанската војна во 2001 година. Се формираше се-албанска коалиција, се наруши принципот на формирање влада на победниците од двата народи, се наметна двојазичност на целата територија на Македонија, дури и таму каде што нема Албанци. Својата најсилна порака, тиранската коалиција ја упати со интонирањето на албанската химна при формирањерто на Собранието. Со оваа коалиција владее лидерот на СДСМ Зоран Заев, познат како навивач на Шкендија, кој и даде политички легитимитет на оваа коалиција, сето тоа под спонзорство на Фондацијата Отворено Општество и некои западни амбасади, пишува хрватскиот медиум.

Зоран Заев положува цвеќе на гробот на Гоце Делчев, 4 мај 2018 (фото: Влада на РМ)

Во опширнот текст, во кој се отсликува состојбата во Македонија, се наведува дека се врши експеримент со кој се оспорува идентитетот на македонскиот народ, и со договорите потпишани од Заев се преименува државата, се брише името на македонската нација, се менуваат имињата на државните институции меѓу кои и на поштата.

 Со Софискиот договор кој го потпиша Зоран Заев, Македонците се откажуваат од својата национална генеза пред 1945 година во полза на Бугарите, кои ќе го контролираат спроведувањето на потпишаното со инспекции во македонските министерства и во наставните програми. Заев оди дотаму што мораше да се извинува што Илинденското востание го прогласи за македонско, откако доби дипломатска нота од бугарскиот премиер Бојко Борисов. Експериментот успеа, но за жал, ни НАТО ниту ЕУ не се сојузи на експериментални држави, туку на суверени, национални држави, со одреден европски вредносен систем, а во тој систем не се дозволува линчување на политичките противници во затворите или држење на политички затвореници, пишува Бродиќ. Тој укажува дека приемот на Македонија во ЕУ моментално е под знак прашалник поради исламофобијата видлива во земји како Франција, но и целосната некомпатибилност на македонскиот политички систем со тој на ЕУ. Македонија не доби датум за отпочнување на преговорите, и покрај сите компромиси на Зоран Заев, економијата колабира, а „проевропската Влада не можеше да обезбеди ниту испорака на два авиони со помош за борба против корона вирусот да не беше лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој се обрати до Унгарија и Словенија – земји кои Заев ги нарекува фашистички, но сепак не пропушти да побара да се слика со унгарскиот министер за надворешни работи“.
Во хрватскиот медиум се наведува дека Заев како да сака да биде балкански Нобеловец, „Тито по Тито“, но не сфаќа дека Тиранската платформа е алатка за повисокацел, за обележување на теренот од старна на странските центри на моќ, на територијата на „експерменталната национална држава некогаш позната како Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.