Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.
Таа денеска твитна во врска со заедничкото патување и заедничките активности на претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј.
Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да упатија кон Рим.
Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија Пендаровски и Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во кусата изјава денеска на скопскиот аеродром.
Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.