Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз од новата влада очекува да продолжи соработката во однос на евроатлантскиот пат на земјата, како и справување со пандемијата од Ковид-19 која претставува глобален предизвик.
Партнерството меѓу САД и Македонија е исклучително важно и исклучително силно и ние се радуваме на соработката со следната влада што треба да се формира. Да продолжиме со важната агенда која ја имаме за евроатлантска интеграција и силна соработка меѓу двете земји, како и во борбата против пандемијата која претставува глобален предизвик – изјави Брнз во однос на очекувањата од новата влада што треба да се формира, согласно постигнатиот договор на СДСМ и ДУИ.
Амбасадорката Брнз изјавата ја даде по посетата на лабораториите на Институтот за јавно здравје каде беше придржувана од министерот за здравство, Венко Филипче. Реновирањето на лабораториите е овозможено со проект на Европската команда на САД вреден 550.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.