Американската амбасадорка во Република Македонија, Кејт Мари Брнз, му порачала на претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека е многу важно во законодавниот дом да се формира што поширока поддршка за реализација на стратешките цели, особено од аспект на НАТО и членството во Европската Унија.
На средбата со Џафери Брнз додала дека еднакво значајни се и борбата против корупцијата, прашањата поврзани со националната безбедност и потеклото на инвестициите, како и донесувањето на законот за антидискриминација.
Како што соопштија од неговиот Кабинет, Џафери изразил благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Македонија, при што истакнал дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и регионот во целина.
Џафери ја информирал амбасадорката Брнз за очекуваното ангажирање на новата влада во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.