Американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс, во своето новогодишно обраќање објавено на нејзиниот твитер-профил, истакнува дека земјава минатата година ја завршила подготвена да ја реализира долгогодишната аспирација да стане членка на НАТО.
Вашата земја ја заврши годината седејќи на маса со своите идни НАТО-сојузници во Лондон, подготвена на почетокот на 2020 година конечно да ја реализира долгогодишната аспирација да ѝ се приклучи на Алијансата – вели Брнс.
Таа посочува дека во изминатава година се бележи продлабочување на билатералните односи со САД, споменувајќи го одржувањето на воената вежба „Одлучен удар“ и посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој, како што вели таа, имал можност да изрази поддршка за земјата.
Разгледувате нови можности со вашите соседи. Економијата зајакнува и расте и изгледите за идна регионална интеграција се светли. Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење за да ѝ овозможат на земјата просперитет и напредок“, вели американската амбасадорка во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.