Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на  Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер “за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност.

Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, истакна премиерката Брнабиќ.

Испораката на вакцини во Македонија како донација од Србија, која беше најавена за четврток, 11 февруари, е одложена за следните неколку дена, соопштија синоќа од Претседателството на Србија.

Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Македонија во наредните денови, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.