Во последните 24 часа пријаавени се 19 починати од Ковид-19, евидентирани се 1.158 нови случаи од направени 6.256 тестирањa и регистрирани 166 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство информира, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите 1.158 случаи,  од Скопје се 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од 19 починати лица: по 6 пациенти се од Тетово (54г,65г,74г,74г,79г и 84г), по 5 починати лица од Гостивар(66г,66г,67г,69г и 71г), по 3 починати лица од Куманово (54г,78г и 85г) и по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица(54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). Од починатите лица 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Од регистрираните 166 оздравени пациент, од Скопје се 39, Тетово – 38, Кичево – 16, Куманово – 13, Гостивар и Струмица – по 10, Кавадарци – 6, Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5, Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

Направени се 6.256 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-70, ЦЈЗ Тетово–174, ЦЈЗ Куманово–62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-446, Биотек-272, Систина-101, лабораторија Лаор-586, Синлаб-57, Ремедика-24, Плодност–49, Генеа -3, Никоб лаб-790, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-79, Ројал Медика – 95, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.606.

Досега во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.