Британската мутација на корона вирусот е детектирана уште кај двајца пациенти во Македонија. Од Министерството за здравство објавија дека пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен.

Како што објавија, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на Ковид-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година.

Досега кај тројца пациенти во земјава е детектирана британската мутација на корона вирусот. Надлежните здравствени власти на 27 јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на корона вирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, при анализа на примероци од јануари.

Досега не е докажано дека британскиот сој на вирусот има поголема смртност од досегашните мутации на вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.