Изминативе седум дена односно од 28 март до 3 април во земјава од ковид-19 починале 263 лица, според податоците на Министерството за здравство.
Истиот период во Велика Британија каде е вакцинирано 46 отсто од населението починале 254 пациенти кои се лекувале од ковид-19.
Според официјалните податоци на британската влада до сега во земјата со прва доза се вакцинирани 31.425.682 лица, а втора доза примиле 5.205.505. Од вакцинираните 18 милиони ја примиле вакцината „АстраЗенека“.
Како резултат на високата стапка на вакцинација, во Велика Британија секој ден паѓаат бројките на новозаболени, починати и активни случаи.
Пикот на вирусот во Велика Британија беше во јануари и тоа на 8 јануари беа регистрирани 68.053 дневни нови случаи, на 29 јануари починаа најмногу – 1.823 болни, а на 30 јануари имаше најголем број активни случаи и тоа над 2 милиони.
Сега во земјата со над 68 милиони жители и 46 отсто вакцинирани со една доза, бројките се сосема други. Вчера, кога во Македонија беа пријавени 45 смртни случаи, во Обединетото Кралстви починаа 10 лица, имаше 3.423 нови случаи, а активни се 341.810.
Во Лондон на 29 март за прв пат последниве шест месеци не беше регистриран ниту еден смртен случај.
Во Македонија каде вакцинирањето на населението почна пред три дена и се вакцинирани 3.000 лица над 77 години и околу 7.000 здравствени работници, регистрирани се 1.394 нови случаи, а активни се 21.553.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.