Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА не ја објавила анкетата, а истата ја спровела во наведениот период, соопштуваат од БРИМА.
Новинарот Горан Момироски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал, споделувајќи со македонската јавност дека Брима воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули. Вчерашната анкета објавена во сите провладини медиуми беше една од ректите на кои СДСМ е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, но сепак на крајот се испостави дека ваквата анкета никогаш не била спроведена.
Дополнително БРИМА на петти јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена.
БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА.
Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив.
Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години.
Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување.
Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата а истата ја спровела во наведениот период.
Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена, се вели во реакцијата на БРИМА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.