Единствениот „фактчекер“ во Македонија – Вистиномер има ексклузивно право во државава да брише вести споделени на Фејсбук, да банира Фејсбук страници и да ја намалува видливоста на објавите кои ќе ги „чекира“ како лажни. А доволно е само еден клик за да видиме дека страницата на Вистиномер е безмалку идентична со страницата на Владата. Или на СДСМ и на сите да ни стане јасно колку е независен Вистиномер и за каква вистина се работи.
Но, дали овој „независна“ интернет-полиција ќе го пречкрта со црвено говорот на омраза што го шират луѓе блиски на финкционерите на СДСМ?
Повторно, ако судиме од досегашните искуства – не. Никој не го заборавил говорот на омраза на социјалните мрежи на Бранко Тричковски, на Тито Беличанец и многу други, а сега на листата се зпишува уште еден ширач на говор на омраза.
На веста на Република за Крвавото Коледе, прогонот на членови на ВМРО од страна на комунистичката власт, споделена на Фејсбук, братучедот на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, Владимир, повикува на колеж за Велигден.
„Јас би составил исти список само би го реализирал за Велигден“, пишува Наумоски.
Настанот на кој повикува братучедот на градоначалникот на Ѓорче Петров
На 7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на т.н. „бугарски окупатор“. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се „бугараши“, „ванчомихајловисти“, „вмровци“ и „фашисти“. Генералот Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје „за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.