Вице Заев смета дека неговиот брат, премиерот Зоран Заев, е премногу толерантен и мек во реториката кон Бугарија.

Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени, вели Вице Заев во интервјуто за „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.