Кандидатот за член на Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Перчо Божиновски, истакна дека Охрид и охриѓани заслужуваат развојни проекти.

Божиновски најави дека деколку д-р Кирил Пецаков ја добие довербата од граѓаните да биде нов градоначлалник на Охрид и ВМРо-ДПМНЕ добие мнозинство во Советот, во градот ќе биде изградена нова современа детска градинка, а ќе бидат реконструирани и веќе постоечките градинки.

Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши. Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително има да се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција – најави Божиновски.

Тој додава дека огромно внимание ќе биде посветено на децата и на креирање места каде тие ќе може да спортуваат и да се дружат.

 

Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА.

 

Во периодот што следи сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој и затоа се определуваме за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Од таа причина, во Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште се обврзуваме за изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога.

 

По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви уште на две локации.

 

Заокружи 7 за нова детска градинка, нови детски и спортски игралишта!

 

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и мнозинство во Советот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“! – порача Божиновски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.