Заев и СДСМ загубија легитимитет за водење на Владата, а сега со вчерашната постапка има дополнително губење на легитимитетот на СДСМ, рече аналитичарот Владимир Божиновски на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него каква и да излезеше ситуацијата од вчерашната седница јасно е кое ќе беше решението.

Каков и да е беше исходот и да имаше и дебата на седницата од вчера на крај треба да има избори. Значи предвремените парламентарни избори се единствено решение од оваа ситуација во која владата е делегитимирана на локалните избори – рече Божиновски.

И да се изгласаше недоверба, додаде Божиновски, ќе имаше некоја влада неколку месеци и ќе се одеше на избори.

Ќе се формираше привремена влада од 2 до 3 месеци па техничка или пржинска влада па ќе се одеше на избори – рече Божиновски.

Божиновски се осврна која би требало да биде политиката на Македонија на меѓународната сцена.

Без разлика која и да е влада во Македонија се знае која е основата. Декларацијата од Собранието за меѓународните прашања е основа за се понатаму, значи за сите актери на политиката – рече Божиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.