Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека одложување на пописот ќе нема, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски за „Слободен печат“ вели дека се тера тврдоглавост, во период кога има илјадници новозаболени од коронавирусот и епидемиолошката состојба континуирано се влошува.
Пописот мора да се одложи за да не биде неуспешен. Сите држави го одложуваат спроведувањето, но кај нас се тера тврдоглавост. Кај луѓето владее страв и идејата за негово одложување е поради самиот квалитет на процесот и релевантноста на податоците. Јас лично не би пуштил тројца попишувачи да ми влезат во домот, а што да прават оние лица кои се во ризичните категории, вели аналитичарот Владимир Божиновски.
Тој додава дека во ситуација кога пописот би бил прогласен за неуспешен ќе треба да се бара одговорност, а во случајов, тоа би било од власта. Божиновски потсетува дека бил против спроведување на пописот и во 2011 година, од причина што законското решение не било добро изготвено, а истото се повторува и сега. Според него, ќе се повтори ситуацијата на бесцелно трошење на десетина милиони евра за десет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.