Ако може за некој месец да се одложи пописот тоа би било добро. Поради пандемијата сериозно велам, многу луѓе ќе се плашат. И еве сега изјавуваат може мај или почеток на јуни. Одлично. Но, дај прифатете им го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за апаратот за отисок. Со тоа ќе се затворат сите прашања, нема да има повеќе што да се бара и нема да има сомнежи, посочи аналитичарот Владимир Божиновски за “Студио 10” на Телевизија 24.
Според него, поради пандемијата пописот сериозно треба да се одложи за следната година. Третина од земјите во светот ги откажаа пописните операции.
-Така да, реално луѓето се плашат од короната. Прашањето што треба да се постави е дали луѓето кои треба да бидат попишани, дел од нив смета дека може да се зарази доколку му дојде некој од попишувачите дома. И тоа ќе влијае на самите резултати. Затоа и ние сега избегнуваме да спроведуваме теренски анкети. Затоа што има одредена група на луѓе кои имаат реален страв од тоа дека можат да бидат заразени, тврди Божиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.