Валентина Божиновска нема да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Таа во изјава за „А1ОН“ вели дека причината за ваквата одлука се здравствени проблеми.
Почитуван министре, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравува, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да придонесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава – вели Божиновска.
Стратегискиот совет за надворешна работа беше промовиран денеска и засега брои 35 членови.
Името на Божиновска е меѓу оние кои предизвикаа најголеми реакции во јавноста, особено поради тоа што во минатото беше пратеничка од ВМРО-НП, а потоа и функционер во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.